УТРО.мк

Коњановски на работилница за туризмот: Битола има капацитет да стане уште поатрактивна дестинација

Коњановски на работилница за туризмот: Битола има капацитет да стане уште поатрактивна дестинација
Vero

Во Битола денеска во салата на Советот, се одржа регионална работилница за Пелагонискиот плански регион со која Министерството за култура и туризам го продолжува процесот на изработка на Стратегија за развој на туризмот на Македонија за период 2027 – 2032 година.

На работилницата учество зедоа претставници на Општините од овој регион, како и претставници од јавниот, невладиниот и приватниот сектор.

Поздравно обраќање имаше градоначалникот на Битола Тони Коњановски.

„Како град со големо културно и историско наследство, Битола има капацитет да напредува во сите областа, вклучително и туризмот, кој пак ја афирмира нашата Општина, но во исто време има свое влијание и врз подобрувањето на економската слика. Како Општина големо внимание посветуваме на патната инфраструктура што е многу важна и за туристите, а изградбата на автопатот од Прилеп кон Битола ќе има сериозно позитивно влијание врз подобрување на туристичката слика за нашиот град“ рече градоначалникот на Битола, истакнувајќи ги туристичките потенцијали што ги има општината.

Од страна на ангажираните експерти за изработка на новата Стратегија за развој на туризмот беа презентирани клучните наоди од претходно спроведената анализа на состојбата на туризмот во овој регион и заклучоците од истата.

Учесниците на работилницата дискутираа за наодите од анализата, а преку образецот со податоци даден им е простор за свои коментари, забелешки, предлози кои ќе бидат земени предвид во понатамошниот процес на подготовка на Стратегијата.

Предмет на истражување е туристичката побарувачка, пазари и трендови, потоа туристичката понуда, економските ефекти и организација и менаџмент со туризмот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin