УТРО.мк

Општина Прилеп: Испратени над 6.000 литри вода како помош за граѓаните на Гостивар

Општина Прилеп: Испратени над 6.000 литри вода како помош за граѓаните на Гостивар
Vero

Општина Прилеп соопшти дека во заедничка хуманитарна акција, организирана со поддршка на граѓаните, Црвениот крст – ОО Прилеп, општествено одговорни компании, здруженија, институции, политички субјекти и бројни хумани луѓе, биле собрани и испратени повеќе од 6.000 литри флаширана вода за граѓаните на Гостивар.

Од Општината истакнуваат дека акцијата е пример за солидарност и заедништво, нагласувајќи дека Прилеп уште еднаш ја покажал својата подготвеност да помогне кога е најпотребно.

„Во моменти на предизвик, нашиот град повторно докажа дека знае да биде рамо за поддршка, да сплоти и да делува заеднички“, наведуваат од Општина Прилеп.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin