УТРО.мк

Невреме со трагични последици во Албанија: Две лица загинаа, тројца се повредени

Невреме со трагични последици во Албанија: Две лица загинаа, тројца се повредени
Vero

Силно невреме проследено со обилни врнежи и силен ветер ја погоди јужна Албанија, при што загинаа две лица, а уште тројца се повредени, јавуваат албанските медиуми.

Една од жртвите е електричарот Башким Бочи, вработен во државната електроенергетска компанија OSSH, кој загинал при интервенција за отстранување дефект на далновод во областа Потами кај Химара. Според информациите, тој паднал од електричен столб откако му се скинал безбедносниот појас.

Втората жртва е рибарот Михал Зои од Ксамил. Неговиот чамец се превртел поради разбрануваното море, а неговото тело било пронајдено утринава.

Во Саранда, силните ветрови собориле десетици дрвја, при што биле оштетени повеќе возила. Тројца граѓани побарале медицинска помош поради повреди од искршено стакло и паднати гранки.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin