УТРО.мк

Утре се пушта во употреба новата делница од автопатот Е65, се поврзуваат Централна Грција и „Егнација“

Утре се пушта во употреба новата делница од автопатот Е65, се поврзуваат Централна Грција и „Егнација“
Vero

Утре, четврток (23 јули), официјално ќе биде пуштена во употреба новата делница од автопатот Е65 во Грција, со што ќе се заокружи поврзувањето на Автопатот на Централна Грција со „Егнација“.

Свеченото отворање е предвидено за 19 часот кај одморалиштето „Агиофилу“, а на настанот ќе присуствува и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

Со завршувањето на новата делница значително ќе се подобрат патните врски кон Епир, Тесалија и јужниот дел на Грција, со пократко време на патување и побезбедна сообраќајна поврзаност.

Истовремено се објавени и цените за новите патарини. На главната патарина кај Оксиња за патнички возила ќе се плаќа 4,50 евра, додека на страничната патарина кај Агиофилу цената ќе изнесува 1,55 евра.

Новата делница од Е65 се очекува да донесе побрзо и посигурно патување, како и подобра интеграција на патната мрежа со автопатите „Егнација“ и „Јонија Одос“.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin