УТРО.мк

Историски успех во Шангај: Македонските математичари освоија злато и три бронзи

Историски успех во Шангај: Македонските математичари освоија злато и три бронзи
Vero

Нов голем успех за македонската математика! Младите математичари кои ја претставуваа Македонија на 67. Интернационална математичка олимпијада (ИМО) во Шангај, Кина, освоија еден златен и три бронзени медали во конкуренција со 680 натпреварувачи од 120 земји.

Највредното одличје – златниот медал, го освои Дамјан Давков од Штип, еден од најуспешните млади македонски математичари. Со бронзени медали се закитија Ивано Божиновски, Андреј Тасиќ и Леонид Тодороски.

Од Амбасадата на Народна Република Кина во Скопје им упатија честитки на младите математички надежи, посакувајќи им уште многу успеси и достигнувања во иднина.

Македонската екипа беше примена и во Амбасадата на Македонија во Пекинг, каде амбасадорот Сашко Насев им посака добредојде и успех.

Успехот на младите математичари го сподели и Никица Давкова, мајката на Дамјан, која информираше дека пофалница освоил Филип Калкашлиев, а успешно учество имал и Марко Митевски. Тим лидер е Марко Петрушевски, а заменик-лидер Алексиј Тасиќ.

Ова е уште еден во низата големи резултати на македонските математички таленти. На Европската математичка олимпијада во Вилнус годинава, Дамјан Давков освои златен медал, Ивано Божиновски сребрен, а Леонид Тодороски бронзен медал. Давков во мај го освои и првото место на Балканската математичка олимпијада во Солун, каде се закити со уште едно злато.

Македонските ученици повторно покажаа дека се меѓу најдобрите млади математичари во светот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin