УТРО.мк

Ветер од 134 км/ч беснеел во Македонија – УХМР објави детали за орканот што направи хаос

Ветер од 134 км/ч беснеел во Македонија – УХМР објави детали за орканот што направи хаос
Vero

Урагански силниот ветер кој вчера предизвика хаос во повеќе делови од Македонија достигнал брзина и до 134 километри на час, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Според мерењата, на автоматската метеоролошка станица во Штип, во 17 часот бил регистриран оркански удар на ветер со максимална брзина од 134 км/ч, со правец запад-северозапад.

Во Скопската котлина, на автоматската станица Скопје, во 16:10 часот бил измерен оркански удар од 130 км/ч, со правец север-северозапад. Иста брзина на ветерот од 130 км/ч била регистрирана и во Ново Село, Струмица.

Од УХМР објаснуваат дека оркан или урагански ветер е оној кој надминува 118 километри на час. Ваква појава на овие простори е исклучително ретка и може да предизвика сериозни оштетувања и големи материјални штети.

Силниот ветер вчера рушеше дрвја, оштетуваше објекти, кровови и возила, а најголеми последици беа забележани во Скопје и околината. Голем број граѓани пријавија штети, а надлежните служби интервенираа на повеќе локации.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin