УТРО.мк

Еве колку би вределе вашите пари доколку ги вложевте во злато во 2000 година

Еве колку би вределе вашите пари доколку ги вложевте во злато во 2000 година
Vero

Златото се покажа како едно од најисплатливите средства за инвестирање во изминатите 25 години, откако неговата цена на светските пазари порасна дури 12 пати во периодот од 2000 до крајот на 2025 година.

Според Антонина Левашенко, раководител на Лабораторијата за анализа на најдобри меѓународни практики при рускиот институт „Гајдар“, податоците на Светската банка покажуваат дека златото забележало најголем раст меѓу клучните метали.

Во истиот период, цената на бакарот се зголемила за 5,87 пати, железната руда за 3,39 пати, никелот за 1,71 пат, а алуминиумот за 1,66 пати.

Левашенко посочува дека растот на цените е резултат на повеќе фактори, меѓу кои се глобалната инфлација, повисоките трошоци за експлоатација и преработка на рудите, поскапувањето на енергијата и опремата, како и промените во курсот на американскиот долар.

Таа додава дека врз движењето на цените на индустриските метали силно влијаеле и финансиските кризи, особено во периодите 2008–2009 и 2019–2020 година, како и промените во глобалната понуда и побарувачка.

Според актуелните пазарни податоци, цената на златото во моментов се движи околу 4.000 американски долари за унца.

Извор: Bizportal.rs

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin