
Педесетгодишен тетовец е лишен од слобода откако неговата сопруга пријавила дека ѝ се заканувал на работното место и во домот на нејзиниот татко.
Како што информираат од СВР Тетово, на 21 јули 2026 година во 22:30 часот полициски службеници го привеле И.А.(50) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава од неговата 40-годишна сопруга.
Според пријавата, по претходно дадена изјава во Основното јавно обвинителство Тетово, тој ѝ се заканувал на нејзиното работно место во маркет во Тетово, како и во домот на нејзиниот татко.

















