
Објава од здравствена установа на социјалните мрежи предизвика бројни реакции и отвори нова дебата за улогата на вештачката интелигенција во медицината. На фотографијата од известувањето се наведува дека препораките добиени од ChatGPT не се основа за лекарски преглед и дека расправањето со лекар врз основа на одговори од AI не е соодветно.
Објавата предизвика поделени мислења. Дел од корисниците тврдат дека токму разговорите со ChatGPT или други AI алатки им помогнале подобро да ги разберат симптомите и да побараат дополнителни испитувања, што во некои случаи довело до точна дијагноза. Други, пак, предупредуваат дека вештачката интелигенција не може да биде замена за стручен медицински преглед.
Според лекарите, сè повеќе пациенти доаѓаат на преглед откако претходно побарале мислење од AI алатки. Тие сметаат дека ваквите технологии можат да помогнат во информирањето на пациентите, но нагласуваат дека не располагаат со клиничко расудување, не можат да извршат физички преглед и не треба да поставуваат дијагноза или да препишуваат терапија.
Експертите оценуваат дека вештачката интелигенција може да биде корисен извор на информации и дополнителна поддршка, но конечната проценка за здравствената состојба и изборот на терапија секогаш треба да бидат во рацете на квалификуван медицински професионалец.

















