УТРО.мк

СТРАНСКИ ТУРИСТ ПОВРЕДЕН ОД ПАД НА ДРВО ВО СКОПЈЕ: 22 лица побарале помош по силното невреме

СТРАНСКИ ТУРИСТ ПОВРЕДЕН ОД ПАД НА ДРВО ВО СКОПЈЕ: 22 лица побарале помош по силното невреме
Vero

Дваесет и две лица побарале лекарска помош во Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ по силното невреме што вчера го зафати Скопје и околината.

Директорот на клиниката, Небојша Настов, информира дека две лица се задржани на болничко лекување. Едниот пациент бил опериран во текот на ноќта поради скршеница на шаката.

Меѓу повредените бил и странски државјанин, турист кој се здобил со повреди при пад на дрво за време на невремето. Тој имал повреда во пределот на карлицата, но според лекарите не било потребно да биде опериран.

Во Ургентниот хируршки центар при Клиничкиот центар, по невремето биле примени уште 11 пациенти. Од нив, тројца се здобиле со тешки телесни повреди, додека осуммина поминале со полесни повреди.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin