УТРО.мк

МВР го соопшти бројот на оштетени возила и повредени лица по невремето во Скопје

МВР го соопшти бројот на оштетени возила и повредени лица по невремето во Скопје
Vero

Силното невреме што го зафати Скопје и повеќе делови од државата остави сериозни последици, а Министерството за внатрешни работи информира дека полициските службеници се на терен и постапуваат по сите пријави во координација со надлежните институции.

Според податоците на МВР, најголеми штети се регистрирани на подрачјето на СВР Скопје. До 22 часот биле евидентирани 117 оштетени патнички возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрвја, седум оштетени семафори, пет пожари и 10 повредени лица.

Невремето предизвикало оштетувања и на повеќе значајни објекти, меѓу кои објектите на ОЈО ГОКК, комплексот „Вили Водно“, Аеродромската полициска база „Петровец“, зградата на „Нова Македонија“, како и објекти на Министерството за финансии, Министерството за земјоделство и Јавното обвинителство.

Најсериозен проблем е регистриран на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, каде поради протекување на кровот бил привремено прекинат излезот од државата во траење од околу час и половина.

Штети од невремето се пријавени и во други градови. Во Куманово се евидентирани девет оштетени возила и три оштетени кровови, во Тетово пет настани со оштетувања на возила и кровови, додека во Штип се пријавени 14 оштетени возила и шест оштетени кровни конструкции.

Во Струмица невремето предизвикало пад на електрични столбови во селата Доброшинци и Градошорци, како и прекин на електроснабдувањето во Свидовица.

Од МВР информираат дека продолжуваат активностите за обезбедување на безбедноста на граѓаните, расчистување на последиците и нормализирање на состојбата по силното невреме.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin