УТРО.мк

ЕВН не одговара на повиците: Волково без струја по невремето, паднати бандери низ населбата

ЕВН не одговара на повиците: Волково без струја по невремето, паднати бандери низ населбата
Vero

Силното невреме што вчера го зафати Скопје остави без електрична енергија стотици семејства во Волково и околните населени места, додека граѓаните се жалат дека со часови не можат да добијат информации од ЕВН за тоа кога ќе биде саниран дефектот.

Во Волково и Орман невремето урна повеќе дрвени бандери, а во Ново Село е преполовен бетонски електричен столб. Дел од столбовите останале навалени и се потпираат само на електричните кабли, што дополнително ја отежнува состојбата на терен.

Без струја се делови од Волково, Ново Село, Кисела Јабука и Орман. На некои локации електрична енергија воопшто нема, додека на други домаќинствата имаат само една или две фази.

Граѓаните велат дека покрај долгиот прекин на електричната енергија, најголем проблем е недостигот на информации. Тие посочуваат дека повеќе од 12 часа се без струја и не можат да добијат одговор кога ќе биде отстранет дефектот, стравувајќи дека храната во фрижидерите ќе се расипе доколку прекинот потрае уште долго.

Извор: Plusinfo.mk

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin