УТРО.мк

Летување без да го испразните паричникот: На само неколку часа од Македонија ве чека една од најевтините морски дестинации во Европа

Летување без да го испразните паричникот: На само неколку часа од Македонија ве чека една од најевтините морски дестинации во Европа
Vero

Бугарското летувалиште Сончев Брег и ова лето е меѓу најбараните дестинации за туристите од регионот, благодарение на пристапните цени, долгите песочни плажи и богатата туристичка понуда.

Сместено на брегот на Црното Море, Сончев Брег располага со плажа долга околу пет километри и нуди содржини за сите генерации – од водени паркови и спортски активности до бројни ресторани, кафулиња и клубови, поради што често го нарекуваат и „балканска Ибица“.

Една од главните причини поради кои туристите го избираат ова место се поволните цени. Кафе или пиво може да се најдат по значително пониски цени отколку во многу градови во регионот, додека ручек за двајца во ресторан чини околу 30 евра. Цените на сместувањето најчесто се движат од 30 до 40 евра за ноќ, во зависност од периодот и локацијата.

Во непосредна близина се наоѓа и древниот град Несебар, кој е под заштита на УНЕСКО и претставува една од најпосетуваните историски атракции во Бугарија. Посетителите таму можат да уживаат во калдрмисаните улички, старите цркви и автентичната архитектура.

Според анализи на британската Пошта и платформата Numbeo, Бугарија останува меѓу најисплатливите европски дестинации за летен одмор. За разлика од Франција, Италија или делови од хрватското крајбрежје, каде дневните трошоци за двајца без сместување можат да достигнат и до 200 евра, во Сончев Брег со значително помал буџет може да се ужива во комплетен летен одмор.

Покрај Бугарија, меѓу најповолните летни дестинации годинава се издвојуваат и турските Мармарис и Кушадаси, албанските Саранда и Драч, како и Улцињ и Сутоморе во Црна Гора. Во сите овие места туристите можат да најдат квалитетна услуга по цени значително пониски од оние во најпопуларните западноевропски летувалишта.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin