УТРО.мк

Утре 5 часа без струја дел од Тетово

Утре 5 часа без струја дел од Тетово
Vero

Тетово, 20 јули – Поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре, понеделник 21.07.2026 година, без електрична енергија ќе останат повеќе локации во Тетово и селото Лисец, се наведува во известувањето од ЕВН.

Според распоредот, прекинот во Тетово ќе трае од 09:00 до 14:00 часот и ќе ги опфати следните локации:

  • Дел од град Тетово, објекти кои се наоѓаат во близина на комплекс Базар, позади објектот на Фондот за пензиско и здравствено осигурување;
  • Објекти во близина на ОНЕ Хоспитал;
  • Објекти во близина на БП Макпетрол;
  • Објекти во Индустриска зона кај Жито Полог и Пивара;
  • Дел од ул. Браќа Миладинови, објекти кои се наоѓаат позади Средно текстилно училиште.

Во село Лисец планираниот прекин ќе биде од 09:30 до 14:00 часот и ќе опфати дел од селото.

Од компанијата апелираат граѓаните и компаниите од овие локации навреме да ги преземат потребните мерки и да ги прилагодат своите обврски во наведениот период.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin