
Продолжуваат активностите за асфалтирање улици и патишта во Општина Битола. Денеска градежната оператива го асфалтираше коловозот на локалниот пат во селото Раштани.
Се работи за три краци со вкупна должина од околу 500 метри.
Увид во асфалтирањето изврши градоначалникот на Битола Тони Коњановски со одговорните лица за проектот.
Вредноста на договорот е 9.807.930 денари, а се средства од вториот владин повик преку Министерството за транспорт за проектот Изградба на коловоз за локален пат во селото Раштани.

















