
Полицијата во Тетово приведе 47-годишен жител на градот, осомничен дека со пиштол му се заканувал на 43-годишен сограѓанин.
Како што информираат од СВР Тетово, на 22 јули 2026 година во 22:35 часот на улицата „Вон Вардарска“ полициски службеници го лишиле од слобода Б.С.(47) од Тетово поради сомнение за сторено кривично дело „загрозување на безбедноста“ според член 133 од Кривичниот законик.
Според пријавата, инцидентот се случил на 21 јули околу 18:15 часот на улицата „107“ во Тетово, кога осомничениот наводно му се заканувал со пиштол на Х.А.(43) од Тетово.
Лицето е задржано во полициска станица, а по целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

















