
Осумнаесетгодишен волонтер од Гостивар е приведен откако без одобрение зел службено возило на Црвениот крст и предизвикал сообраќаен инцидент во кој оштетил повеќе паркирани автомобили.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 23 јули околу 00:10 часот, на улицата „Мајор Чеде Филиповски“ во Гостивар, полициски службеници го лишиле од слобода Е.С. (18) од Гостивар.
Како што соопшти МВР, момчето без одобрение земало службено патничко возило „цитроен“ со гостиварски регистарски таблички, сопственост на Црвениот крст, каде што било ангажирано како волонтер. При управувањето со возилото удрило во повеќе паркирани автомобили и предизвикало материјална штета.
При извршената полициска контрола било утврдено и дека Е.С. управувал со возилото без да поседува возачка дозвола.
Од МВР информираат дека лицето било задржано во полициска станица, а по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

















