УТРО.мк

На Табановце запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари

На Табановце запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари
Vero

Царинските службеници на граничниот премин Табановце спречија обид за криумчарење на 348 грама златен накит, проценет на околу 1,3 милиони денари.

Како што соопшти Царинската управа, случајот бил откриен при детална контрола на автомобил кој влегувал во државата, а во кој патувале сопружници, македонски државјани со живеалиште во Белгија. При прегледот, во чантата на сопатничката биле пронајдени 26 парчиња златен накит.

Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги поднело кривична пријава против жената поради основано сомнение за сторено кривично дело „криумчарење“, казниво согласно Кривичниот законик.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin