
Сообраќајот на државните патишта низ Македонија утринава се одвива непречено и по претежно суви коловози, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).
Според информациите, на граничниот премин „Богородица“ е регистрирана зголемена фреквенција на возила, при што времето на чекање за излез од државата изнесува околу 15 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, засега нема подолги задржувања ниту за влез, ниту за излез од државата.
Од АМСМ апелираат до возачите да ја прилагодат брзината на движење кон условите на патот, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да управуваат внимателно, особено на делниците каде постои можност од појава на одрони.
Како поризични се посочуваат патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, каде се препорачува зголемена внимателност.

















