
Полицијата започна со санкционирање на возачите на електрични тротинети кои не ги почитуваат новите законски правила. Измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата стапија во сила на 14 јули, а досега се изречени вкупно 12 парични казни.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, досега се изречени три казни за управување електричен тротинет без заштитен шлем, за што е предвидена глоба од 50 евра.
Дополнително, полицијата изрекла девет казни за управување тротинет на површини каде што не е дозволено движење на ваков вид возила, при што глобата изнесува 80 евра.
Евидентирана е и една казна од 100 евра за користење мобилен телефон при управување со електричен тротинет.
Од МВР информираат дека сите досега изречени санкции се однесуваат на полнолетни лица, а засега не е одземен ниту еден електричен тротинет.

















