УТРО.мк

Меџити: Водата за пиење е основно право, институциите мора да обезбедат безбедно снабдување за граѓаните на Гостивар

Меџити: Водата за пиење е основно право, институциите мора да обезбедат безбедно снабдување за граѓаните на Гостивар
Vero

Заменик-претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска престојуваше во Гостивар, каде одржа состанок во Општината посветен на актуелната состојба со водоснабдувањето и мерките кои се преземаат за надминување на проблемот.

Меџити истакна дека водата за пиење е основно човеково право и дека обезбедувањето безбедна вода за граѓаните претставува една од најважните обврски на институциите.

„Како заменик-претседател на ЗЕЛС, ја изразив нашата целосна подготвеност за обезбедување на потребната институционална поддршка, со цел кризата да се менаџира што побрзо и со минимални последици за граѓаните“, посочи Меџити.

Тој нагласи дека главен приоритет останува заштитата на здравјето на населението, обезбедувањето безбедно снабдување со вода и координацијата меѓу сите надлежни институции.

„Во вакви моменти граѓаните имаат потреба од институции кои делуваат, соработуваат и преземаат одговорност. Убеден сум дека со целосна меѓуинституционална координација и заемна поддршка, оваа состојба ќе биде надмината во најбрз можен рок и ќе се врати нормалноста и сигурноста за секое семејство во Гостивар“, изјави Меџити.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin