
Едно лице го загуби животот во пукање што се случи денеска во селото Стреоц, во близина на Дечани, соопшти косовската полиција.
Според првичните информации, инцидентот се случил во семеен двор, а истражителите се сомневаат дека станува збор за ненамерно пукање меѓу членови на едно семејство.
Портпаролот на полицијата за регионот Пеќ, Дритон Ругова, информираше дека пријавата била примена во 13:42 часот, по што полициски екипи веднаш излегле на местото на настанот.
„Добивме информација дека едно лице е пронајдено мртво во дворот. Се сомневаме дека станува збор за убиство од небрежност меѓу членови на семејството. Запленето е едно огнено оружје, а полициските единици се на терен“, изјави Ругова.
На местото пристигнал и дежурен обвинител од Основното обвинителство во Пеќ, кој заедно со полицијата ги презема потребните истражни дејствија.

















