УТРО.мк

Тони Тоневски: Ќе го вратиме Пробиштип на мапата на инвеститори

Тони Тоневски: Ќе го вратиме Пробиштип на мапата на инвеститори
Vero

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Пробиштип на претстојните локални избори во октомври 2025 година, Тони Тоневски, гостуваше во емисијата „Што мисли народот“ на штипската ТВ Стар.
Запрашан за моменталните недостатоци во градот, тој одговори: „Најголем проблем на којшто воопшто не е посветено внимание во изминатиот период на владеењето на СДСМ во Пробиштип е немање основен осет за привлекување на инвеститори, неамње ниту еден нов детален урбанистички план за индустриска зона.“ изјави Тоневски. „Дали е тоа помала или поголема, важно е да е индустриска зона за лесна и незагадувачка индустрија, каде ќе понудита на сите инвеститори, дали се тоа домашни или странски инвеститори, да им овозможите барем неколку парцели каде тие ќе дојдат да отворат нови работни места“, дополни тој.
Најави дека неговиот мандат би започнал со сèопфатна урбанистичка промена која ќе го врати Пробиштип на мапата на инвеститори и ќе овозможи солиден живот за сите, особено младите.
„Ќе започнам со промена на гералниот урбанистички план кој е стар приближно 30 години и не е во согласност со времето и мора да биде променет, и во делот на инфраструктурата и во делот на зголемување на делот на парцели во Пробиштип. Во Пробиштип не можете да најдете плац за куќа да купите. Јас ќе направам нова парцелизација кадето покрај индустриските зони каде е планирано да се привлечат инвеститори, да отворат нови работни места, паралелно со тоа ќе бидат понудени на младите семејства и брачни парови да направат куќи кои ќе бидат по многу ефтина цена, со минимално плаќање комуналии со цел да им олесниме да инвестираат во сопствени домови и да останат да живеат во Пробиштип.“ – истакна Тоневски, наведувајќи и мерки како „едно евро – квадрат“ за парцели.
Тони Тоневски е добро познат на локалната јавност, претходно менаџирајќи го градот во периодот 2009-2017. По професија инжинер, бил генерален директор на рудникот „Злетово“, проектен менаџер во ЈП „Хидросистем Злетовица“, и како директор на Управата за водостопанство при Министерството за земјоделство. Последно познат на јавноста како директор на рудникот „Булмак 2016“.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран