УТРО.мк

Страшни пожари беснеат во Грција – пожарникарите се борат со огнената стихија, издадени и наредби за евакуација

Страшни пожари беснеат во Грција – пожарникарите се борат со огнената стихија, издадени и наредби за евакуација
Vero

Голем шумски пожар утрово избувна во областа Цигунас, во регионот Ираклион на островот Крит, додека на островот Хиос повторно се активираше пожар во веќе погодено подрачје, јавува „Катимерини“.

Пожарот на Крит се приближи до населеното место Антискари во областа Месара, општина Фестос, што ги натера властите да издадат наредба за евакуација во правец кон градот Лентас.

Во гаснењето учествуваат 48 пожарникари со 17 возила, како и пешадиска противпожарна единица, со поддршка од два хеликоптери и цистерни со вода обезбедени од соседните општини. Според локалните медиуми, загрозени се неколку домаќинства, населби и пластеници во регионот.

Паралелно, на островот Хиос, пожарникарите повторно се соочуваат со огнени јазли во планинскиот предел Провата, северно од селото Лити. Пожарот повторно се разгоре утрово, а со интервенција на воздушни сили се прават напори за локализирање на огнот.

Хиос сè уште е во вонредна состојба, откако минатата недела изгореа над 47.700 хектари шума и земјиште, според податоците од европскиот сателитски систем „Коперникус“.

Локалните власти соопштија дека командантот на противпожарната служба на островот, Ставрос Капеларидис, е хоспитализиран поради симптоми на дехидрација и исцрпеност.

ФОТО: greekcitytimes.com

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран