УТРО.мк

Фотографија од српски туристи на плажа во Полихроно го налути цел Балкан: “Вака не е ниту во Индија и Пакистан” [ФОТО]

Фотографија од српски туристи на плажа во Полихроно го налути цел Балкан: “Вака не е ниту во Индија и Пакистан” [ФОТО]
Vero

Една фотографија направена на плажа во грчкото летувалиште Полихроно предизвика бурни реакции на социјалните мрежи.

Станува збор за слика на која се гледаат делови од плажата претходно обележани со пешкири, оставени уште од вечерта, со цел следниот ден да се „резервира“ место под сонцето – без плаќање лежалки. Овој чин, според дел од интернет-корисниците, е „срамен“ и „примитивен“, додека други го бранат, повикувајќи се на поскапувањето и високите цени што ги наметнуваат самите локали.

„Не е Индија, не е Пакистан… ова се српски туристи во Полихроно, лето 2025. Грците навистина претеруваат со цените – 10, 15, па и 20 евра за лежалка, плус задолжителна консумација, но ова со пешкирите е дното. Можеби ќе бидам осуден, но немам зборови…“, стои во една од објавите на групата Live from Greece на „Фејсбук“.

Следуваа стотици коментари, од кои некои остро ја осудуваат оваа појава, додека други ја поддржуваат како начин за одмор без непотребни трошоци.

„Пријателе, ако можеш секој ден да плаќаш 30–40 евра за лежалка, тоа не ти дава право да ги навредуваш оние кои не можат. Јас сум туристички водич со 15 години искуство и можам да кажам дека убавината на плажата е во едноставноста: пешкир на песокот, чадор, овошје и насмевка. Не во скапи коктели и ексклузивни лежалки. Ако сакаш луксуз – појди на Малдиви. Овде луѓето сакаат само да одморат“, гласи еден од најпопуларните коментари.

Други пак го поставуваат прашањето од правен и етички аспект – дали е прифатливо делови од јавна плажа да се „приватизираат“ преку ноќ со пешкири и чадори.

„Проблемот не се пешкирите, туку тоа што се оставаат преку ноќ и се заземаат делови од јавен простор. Тоа не е ред. Некогаш сите се сончавме така, но тогаш не ги окупиравме плажите како наша сопственост“, напиша друг корисник.

Темата останува отворена, а според реакциите, јасно е дека прашањето за летен одмор, цени и почитување на јавниот простор сè уште силно ги поларизира туристите.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран