Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, со емотивна порака им се заблагодари на скопјани и на сите граѓани на Македонија за, како што вели, масовниот концерт каков што Скопје не памети. Настанот, кој се одржа под отворено небо, привлече огромен број посетители и создаде атмосфера што ќе остане во колективната меморија.

„За ова ќе се зборува – благодарам Скопје и Македонија! Од срце ви благодарам што бевте дел од овој неверојатен масовен концерт! Вашата енергија, насмевки и поддршка создадоа атмосфера што ќе се памети засекогаш“, напиша Ѓорѓиевски на социјалните мрежи.

Тој додаде дека вечерта била доказ за заедничка сила и единство, со порака дека „најдоброто допрва доаѓа“.

Организаторите истакнаа дека концертот е само почеток на низа настани што ќе ја збогатат културната сцена во општината и пошироко. Настанот беше дел од летната програма на Општина Кисела Вода, која годинава бележи рекордна посетеност и интерес од јавноста.