УТРО.мк

Трамп: Русија нема да нападне

Трамп: Русија нема да нападне
Vero

Американскиот претседател Доналд Трамп, според наводи на весникот Вашингтон пост, зад затворени врати ги уверил сојузниците од НАТО дека Русија нема да нападне ниту една членка на Алијансата додека тој е на функција.

Изјавата била дадена за време на главната сесија на НАТО-самитот одржан на 25 јуни, каде Трамп најпрво ги поздравил напорите за зголемување на одбранбените трошоци и истакнал дека „НАТО е безбеден додека јас сум претседател“. Три европски функционери запознаени со дискусиите ја потврдуваат оваа изјава.

Неколку европски лидери го пофалиле Трамп за неговата улога во зголемувањето на воените буџети во Европа, додека некои дополнително изразиле поддршка за неговата тврдолиниска политика кон Иран.

Според изворите, дел од лидерите прибегнале кон отворено ласкање, верувајќи дека токму тој пристап е најефикасен за стекнување на наклонетоста на Трамп.

За разлика од некои негови претходници, Трамп останал присутен во текот на целата рунда излагања, слушајќи ги сите говори – што претставува отстапување од досегашната практика кога американски претседатели често го напуштале состанокот по своето обраќање.

„Овие луѓе навистина си ги сакаат своите држави. Тоа не е фарса – и ние сме тука за да им помогнеме“, изјавил Трамп пред новинарите коментирајќи ја соработката со сојузниците од НАТО.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран