УТРО.мк

70 години Кисела Вода: Ѓорѓиевски со благодарност до граѓаните и порака – најдоброто допрва доаѓа

70 години Кисела Вода: Ѓорѓиевски со благодарност до граѓаните и порака – најдоброто допрва доаѓа
Vero

Со свеченост по повод големиот јубилеј – 70 години од постоењето на Општина Кисела Вода, денес беа одбележани децении историја, развој и посветеност кон граѓаните. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски се обрати пред присутните, подвлекувајќи дека изминатите три и пол години биле период на суштински напредок за општината.

„Сѐ е на свое место – тоа не беше само слоган, туку наш патоказ“, порача Ѓорѓиевски, нагласувајќи дека Општина Кисела Вода денес претставува пример за отчетно и плански водено управување.

Тој се заблагодари на сите кои придонеле за развојот на општината во изминатите седум децении – од првите административци, до денешните службеници, политичари, компании и јавни личности. Особена благодарност упати до жителите на општината, за кои рече дека се „најважната алка во синџирот на успехот“.

„Ова не е крајот, туку увертира за она што следи. Кога имаш визија и поддршка, најдоброто допрва доаѓа“, заклучи Ѓорѓиевски.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран