УТРО.мк

„Такво прашање сериозни луѓе никогаш не поставуваат“: Песков откри детали од разговорот помеѓу Путин и Трамп

„Такво прашање сериозни луѓе никогаш не поставуваат“: Песков откри детали од разговорот помеѓу Путин и Трамп
Vero

Песков: Путин и Трамп никогаш не разговарале за наводната руска закана кон НАТО

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп никогаш не разговарале за наводната закана што Русија наводно ја претставува за земјите-членки на НАТО.

„Такво прашање сериозни луѓе никогаш не поставуваат“, рече Песков, пренесува руската новинска агенција Интерфакс.

Тој ја отфрли тезата за руска закана како „измислена и ефемерна“, нагласувајќи дека станува збор за алатка која се користи за истиснување средства од даночните обврзници, посебно во контекст на инсистирањето земјите-членки на НАТО да одвојуваат 5% од БДП за одбрана.

„Ова е метод за изнудување пари и продолжување на испораките на оружје за Украина“, додаде Песков.

Тој изјави дека потенцијалната закана, дури и кога постои, мора внимателно да се анализира, но во случајов, како што нагласи, нема реална основа за такви тврдења.

Песков повтори дека корените на конфликтот во Украина се добро познати, и оцени дека наративот за руска агресија служи како оправдување за воена мобилизација и поттикнување на антируско расположение во западните земји.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран