Украина ја стабилизира фронтовата линија во Сумската област, забавувајќи го руското летно напредување, изјави врховниот командант на украинските сили, генерал-полковник Олександр Сирски.
Тој посочи дека во мај и јуни руската офанзива, која започна од североисточната граница, почнува да губи замав. Рускиот напад имаше за цел да навлезе подлабоко во североисточните и источните делови на Украина, при што во мај беа освоени околу 449 квадратни километри, најмногу од почетокот на годината.
Меѓутоа, во Сумската област линијата на фронтот е стабилизирана, а украинските сили спроведуваат активна одбрана и повторно ослободуваат делови од територијата.
Поради офанзивните акции на украинските единици во Глушковскиот округ, Русија пренасочи елитни падобрански и морнарички сили кон одбранбени позиции, што ги ослабна нивните напади во Сумската област.
Сирски откри дека на северниот фронт, долж правецот кон Слобожанштина и Курск, околу 50.000 руски војници се „приковани“ од украинската одбрана.
Украина во август 2024 започна офанзива во рускиот Курск, освојувајќи 1.300 квадратни километри, но поголем дел од територијата беше изгубен при руска контраофанзива. Русија тврди дека целосно го контролира регионот, но тоа е оспорено од Киев и локалните руски власти.
Главните цели на руската офанзива остануваат освојување на административните граници на Донецката и Луганската област и формирање тампон-зона долж границата со Сумската и Харковската област.
Сумската област, која граничи со Русија, останува клучна стратешка зона под постојани напади од почетокот на војната.