УТРО.мк

Јаневска: Од 75 одлични ученици кои полагаа приемен испит во „Георги Димитров“, 50 проценти не положија

Јаневска: Од 75 одлични ученици кои полагаа приемен испит во „Георги Димитров“, 50 проценти не положија
Vero

Во гимназијата „Георги Димитров“ годинава се пријавија повеќе ученици од предвидените места, поради што беше организиран приемен испит наместо директен упис.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска од собраниската говорница изјави дека од 75 ученици со одличен успех кои полагале приемен испит, дури половина не го положиле.

„Завчера во ‘Георги Димитров’ полагаа 75 ученици со сите петки, а 50 проценти не го положија испитот. Нема повеќе поправање на оценки на наставнички совет. Ако сака ученикот да поправи оценка, ќе си дојде заедно со родителот и ќе полага пред комисија, а не со кренање рака на наставнички совет затоа што родителот ни се допаѓа или затоа што така рекол градоначалникот“, рече Јаневска.

Таа нагласи дека ваквата состојба е резултат на долгогодишната пракса оценки да се пишуваат без реална основа.

„Можеме со измена во законот, како што ние рековме, наставнички совет да нема право да поправа оценки“, додаде министерката.

Јаневска најави дека ќе предложи измени на Законот за средно образование каде што ќе се елиминираат ваквите пракси.

„Нови измени на законот ќе правам за сè што ќе видам дека не функционира на терен, затоа што неопходно е системот на образование да профункционира. Младите ни отидоа затоа што не функционира системот на образование, затоа што оние што заслужиле петки не сакаат оној што има двојка да му се поправи оценката во петка на наставнички совет“, изјави Јаневска.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран