Струга ќе добие нов, модерен и безбеден водоводен систем. Во петок, на 27 јуни, Владата на Република Северна Македонија заедно со високи претставници на коалицијата ВЛЕН ќе го промовираат почетокот на проектот за реконструкција на водоводната мрежа во овој град.
На настанот ќе присуствуваат првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити, заменик-министерот за земјоделство Албрим Хоџа и координаторот на пратеничката група на ВЛЕН, Беким Ќоку, кои пред граѓаните и медиумите ќе ги претстават придобивките што ги носи овој значаен инфраструктурен зафат.
Станува збор за заменa на постојната, дотраена и потенцијално опасна водоводна мрежа, со што ќе се обезбеди поквалитетно и побезбедно водоснабдување за жителите на Струга. Проектот ќе придонесе за подобрување на јавното здравје, животната средина и квалитетот на секојдневието.
Претставниците на ВЛЕН истакнуваат дека ова е уште еден доказ за нивната посветеност кон реални проекти и конкретни решенија што ги подобруваат условите за живот во сите делови од државата.