УТРО.мк

Пожарот во РЕК „Битола“: Штета до 130.000 евра, се чека вештачењето за причините

Пожарот во РЕК „Битола“: Штета до 130.000 евра, се чека вештачењето за причините
Vero

БИТОЛА – РЕК „Битола“ ја заврши првичната проценка на штетата од пожарот што избувна пред осум дена во Термоблокот 2 и сега го чека извештајот од вештачењето на криминалистичката полиција од СВР – Битола за да се утврди дали зад настанот стои евентуална саботажа.

Како што потврдија од РЕК за „Независен“, осигурителната компанија која направила увид на терен проценила дека материјалната штета изнесува помеѓу 100.000 и 130.000 евра. Портпаролката на комбинатот, Оливера Михајловска, информира дека се чека официјален извештај од полицијата со вешто лице, додека од безбедносни причини не се открива дали има осомничени ниту дали сомнителниот настан е регистриран од безбедносните камери.

Пожарот зафати ормар за електро управување, а вработените веднаш почнаа со санација на штетите. Термоблокот 2 веќе трета ноќ е вклучен во мрежата, а Блок 3 се приклучи прексиноќа, додека Блок 1 е во редовен годишен ремонт.

„Во согласност со најавите за зголемен конзум поради топлотниот бран, Блок 3 беше синхронизиран со мрежата во 3:18 часот наутро. РЕК Битола сега работи со две третини од својот инсталиран капацитет – Блок 2 и Блок 3 се во функција“, соопшти Михајловска, додавајќи дека дневното производство моментално надминува 3.000 MWh по блок.

Извор: независен.мк

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран