По повод тригодишнината од формирањето и успешното работење на Младински Центар Пробиштип, Тони Тоневски присуствуваше на одбележувањето на јубилејот, истакнувајќи ја важната улога што центарот ја има во локалната заедница.

Тоневски нагласи дека Младинскиот центар прераснал во вистинско место за идеи, креативност, дружење и неформално образование, каде младите добиваат простор да се изразат и да ги развиваат своите потенцијали. Според него, токму ваквите иницијативи се клучни за градење активна и перспективна млада генерација.

Тој потенцираше дека Општина Пробиштип останува активен партнер на младите и институција со отворена врата за сите нивни идеи и предлози. Воедно, беше нагласена заложбата за продолжување на политиките и активностите кои создаваат услови и можности за младите, препознавајќи ја нивната енергија и визија како суштински фактор за развојот на општината.



























