Тешка сообраќајна несреќа се случила вечерва во близина на „Шампионче“ во скопската населба Кисела Вода, при што девојче се здобило со повреди и било итно пренесено во болница.
Според изјави на очевидци, до несреќата дошло кога возач на такси возило изгубил контрола над автомобилот и предизвикал серија удари. Како што тврдат сведоците, таксистот најпрво удрил во девојче, а потоа продолжил да се движи и удрил во уште неколку возила во реонот.
На местото на настанот интервенирале екипи на Итната медицинска помош, кои повреденото девојче го пренеле во болница, како и полициски службеници кои извршиле увид.
Повеќе информации за здравствената состојба на повреденото лице и за околностите под кои се случила несреќата се очекуваат по официјалното соопштение од надлежните институции.



























