Силната зимска бура „Јоханес“ ја зафати Шведска, носејќи интензивни ветрови и обилни снежни врнежи, поради што повеќе од 40.000 домаќинства останаа без електрична енергија.
Според метеоролошките служби, бурата се движи брзо и во текот на денот се очекува дополнително засилување на ветерот, што може да предизвика нови проблеми во снабдувањето со струја и во сообраќајот.
„Јоханес“ започна во текот на ноќта од северните делови на земјата, каде беа регистрирани многу силни ветрови и снежни наноси. Надлежните служби издадоа жолти и портокалови временски предупредувања за поголемиот дел од Шведска, апелирајќи до граѓаните на зголемена претпазливост.



























