УТРО.мк

Италија уапси девет лица за финансирање на Хамас преку добротворни организации

Италија уапси девет лица за финансирање на Хамас преку добротворни организации
Vero

Италијанските власти уапсија девет лица поврзани со три добротворни организации, осомничени дека собрале милиони евра за палестинската милитантна група Хамас, соопштија обвинителите за антитероризам.

Осомничените, меѓу кои е и Мохамад Ханун, претседател на Палестинското здружение во Италија, се обвинети дека испратиле околу седум милиони евра до организации со седиште во Газа, на палестинските територии или во Израел, кои се под контрола или поврзани со Хамас. Обвинителите го опишаа Ханун како „шеф на италијанската ќелија на организацијата Хамас“.

Европската унија го прогласи Хамас за терористичка организација, а италијанските истражители соработувале со други земји од ЕУ за да ги откријат нелегалните трансфери, кои биле изведувани преку сложени банкарски операции и организации со седиште во странство.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран