Бројот на повредени лица во рускиот напад со беспилотни летала и ракети врз Киев се искачи на 19, од кои 11 се префрлени на болничко лекување. Информацијата ја соопшти градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, преку објава на Телеграм.
Според украинските власти, во нападот се оштетени станбени објекти, градилишта и деловни објекти низ главниот град. Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, изјави дека поради нападите, околу една третина од Киев останала без греење.



























