Полскиот напаѓач Роберт Левандовски, еден од најголемите голгетери во историјата на фудбалот, откри детали од својата прва сезона во Барселона. Тој потврди дека клубот му наредил да престане со постигнување голови за да се избегне обврска за исплата на отштета кон Баерн Минхен.
„Бев свесен за ситуацијата во клубот. Барселона во тој момент копнееше по секое евро. Финансиски, тоа не ме погоди и немав никакви проблеми, но постојано се прашував дали треба да постигнувам гол или не“, изјави Левандовски.
Полјакот се пресели од Баерн во Барселона на почетокот на сезоната 2022/2023 за 45 милиони евра. Според договорот, ако постигнеше 25 или повеќе голови во Ла Лига, Барселона требаше да плати дополнителни 2,5 милиони евра на Баерн. Кога Левандовски достигна 23 гола, челниците на клубот го повикаа на состанок и му сугерираа да запре со головите поради финансиските тешкотии на клубот.



























