Во Тетово започнува инсталацијата на камери од системот „Безбеден град“, кој ќе го следи сообраќајот и ќе придонесе за поголема безбедност на улиците. До сега, вакви камери имало само на влезот во градот од скопската страна, но последните денови тие се поставени и по главните булевари, меѓу кои „Илинден“ и „Видое Смилевски-Бато“. Граѓаните велат дека забележале камери и на други локации низ градот.
Тетоварчани очекуваат системот да помогне во регулирањето на хаотичниот сообраќај. Слични камери веќе се инсталирани во Скопје и Куманово, како и на автопатите „Мајка Тереза“ и „Пријателство“.



























