УТРО.мк

Македонски активисти со новогодишна хуманитарна акција за децата во Мала Преспа и Голо Брдо

Македонски активисти со новогодишна хуманитарна акција за децата во Мала Преспа и Голо Брдо
Vero

Македонските активисти Едмонд Темелко, претседател на друштвото „Преспа“, и Елена Симонофски, претседателка на здружението „ВМРО-ДПМНЕ Албанија“, реализираа новогодишна акција за најмладите Македонци во Албанија, при што поделија новогодишни пакетчиња со цел да внесат радост и празнична атмосфера меѓу децата.

Акцијата беше спроведена во селата Туминец и Горна Горица, во Општина Пустец, каде на дечињата им беа поделени пакетчиња и календари со обележјата на ВМРО-ДПМНЕ Албанија. Од активистите велат дека топлите пречекувања, насмевките и честитките за Нова година биле најголемата мотивација за продолжување на ваквите активности.

Темелко на социјалните мрежи порача дека Преспа заслужува повеќе и дека токму преку љубов, посветеност и конкретни дела ќе се продолжи со поддршката за македонската заедница во Албанија.

Претходно, македонските активисти престојуваа и во областа Голо Брдо, каде што на децата од неколку села им беа подарени новогодишни пакетчиња. По посетата, Темелко за МИА изјави дека радоста на децата и нивните насмевки се најсилниот поттик Македонците во овие области да почувствуваат дека не се заборавени.

Од „ВМРО-ДПМНЕ Албанија“ најавија дека активностите продолжуваат и информираа дека вечерва, во Корча, за првпат ќе биде организирана македонска вечер.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран