УТРО.мк

Тетовски села утре во мрак: Овие места ќе останат без струја

Тетовски села утре во мрак: Овие места ќе останат без струја
Vero

Тетово, 3 септември 2025 – Неколку села во тетовскиот регион утре (четврток, 4 септември 2025 година) ќе останат без електрична енергија поради планирани и непланирани прекини во напојувањето, информираат од надлежните служби.

Според најавата, планиран прекин ќе има во селата Голема Речица и Боговиње, во периодот од 09:00 до 14:00 часот. Во Голема Речица без струја ќе остане дел од селото, додека во Боговиње ќе бидат зафатени објектите што се наоѓаат во близина на гробиштата.

Дополнително, се регистрира и непланиран прекин во селото Церово, каде без напојување остана репетиторот на Мобимак, што може да предизвика и проблеми во мобилната комуникација во овој регион.

Граѓаните се повикуваат на разбирање и прилагодување на своите активности во текот на утрешниот ден.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран