Утре, 4 септември 2025 година, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, ќе ја посети Општина Брвеница. Тој ќе присуствува на пуштање во употреба на улицата „Коста Рацин“ во село Брвеница, проект финансиран од Владата во вредност од 9.211.939 денари.
Потоа, премиерот Мицкоски ќе присуствува на пуштањето во употреба на улицата од потегот Алумина до Домот во село Милетино, каде ќе даде изјава за медиумите. Проектот опфаќа целосно асфалтирање на улицата, од кој дел е финансиран од Владата во висина од 5.425.315 денари, а остатокот од 11.000.000 денари е обезбеден од буџетот на Општина Брвеница.