Гостивар, 4 септември 2025 – Во рамките на предизборните активности, во Гостивар се одржа првиот заеднички состанок на општинските штабови на политичките партии дел од Албанскиот Национален Сојуз за Интеграција – Демократската Унија за Интеграција и Алијансата за Албанците.

На состанокот присуствуваа заедничкиот кандидат за градоначалник Валбон Лимани, носителот на листата за општински советници Валдет Џафери, како и шефовите на општинските штабови, Нехати Џаку и Исак Лазами. На дневен ред беа агендата и организацијата на кампањата за Локалните избори на 19 октомври.

Според учесниците, атмосферата била позитивна и братска, а координацијата меѓу структурите на двете главни партии во Гостивар се одвивала на најдобар можен начин.
Се истакна дека изборите во октомври се третираат како референдум за интересите на албанската заедница.