УТРО.мк

Коњановски честита: РК Еурофарм Пелистер нов шампион на Супер купот 2025

Коњановски честита: РК Еурофарм Пелистер нов шампион на Супер купот 2025
Vero

Битола, 4 септември 2025 – Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, им честита на РК Еурофарм Пелистер за освојувањето на Супер купот 2025.

„Гордост за Битола, гордост за секој пелистерец! Браво за играчите кои оставија срце на теренот и за навивачите кои секогаш со својот глас ја даваат најсилната поддршка,“ истакна Коњановски.

Со оваа победа, Пелистер го потврдува статусот на еден од водечките клубови во македонскиот ракомет, а успехот ја зајакнува спортската гордост на Битола.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран