Брвеница, 4 септември 2025 – Премиерот на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денеска ја посети Општина Брвеница, при што присуствуваше на пуштање во употреба на улицата „Коста Рацин“ во село Брвеница и на улицата од потегот Алумина до Домот во село Милетино.

Мицкоски изрази благодарност за посветената работа на градоначалникот на општината, нагласувајќи дека повеќе од 90 проценти од зацртаната програма се веќе реализирани.

„Ние како Влада, во рамките на проектот за финансирање на општините, поддржуваме проекти коишто ги изработи Општина Брвеница. Овие проекти се за сите граѓани, во сите населени места,“ изјави премиерот Мицкоски.

Посетата ја потврдува заложбата на Владата за континуирана поддршка на локалните самоуправи и подобрување на инфраструктурата за граѓаните.