УТРО.мк

Мицотакис најави даночни олеснувања од 1,6 милијарди евра за граѓаните

Мицотакис најави даночни олеснувања од 1,6 милијарди евра за граѓаните
Vero

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис од Меѓународниот саем во Солун објави пакет мерки во висина од 1,6 милијарди евра за поддршка на над четири милиони даночни обврзници, оценувајќи го како „најсмелата реформа на данокот на приход во современа Грција“.

Мерките, кои ќе стапат во сила со буџетот за 2026 година, предвидуваат намалување на основните даночни стапки за два процентни поени, дополнителни олеснувања за семејства со три и повеќе деца, нулта даночна стапка за лица под 25 години со годишен приход под 20.000 евра, како и намалување на даноците за жителите на мали острови и рурални места со под 20.000 жители.

„Нема да ветувам пари кои не постојат. Говориме за реструктурирање на економијата кое ќе донесе просперитет за сите Грци“, порача Мицотакис во 67-минутниот говор.

Тој додаде дека Владата ќе продолжи со „притискање на гас“ до изборите во 2027 година, кога ќе се бори за уште еден четиригодишен мандат.

Свеченото отворање на Саемот го придружија протести на синдикати против владината политика, а во Атина илјадници демонстранти бараа правда за жртвите во железничката несреќа кај Темпи, при што дојде до тензии и приведување на над 20 лица.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран