УТРО.мк

Трамп испрати „последно предупредување“

Трамп испрати „последно предупредување“
Vero

Американскиот претседател Доналд Трамп истакна дека Хамас добил „последно предупредување“ да пристане на договор за ослободување на заложниците, додавајќи дека Израел веќе ги прифатил неговите услови. Тој нагласи дека е време за завршување на конфликтот и предупреди на сериозни последици доколку исламистичката група го одбие понудениот план.

„Време е Хамас да прифати. Ги предупредив на последиците од неприфаќањето. Ова е моето последно предупредување, второ нема да има“, напиша Трамп на социјалните мрежи.

Американски официјални лица потврдуваат дека Вашингтон одржува директни контакти со Хамас во рамките на преговорите за заложниците. Во моментот кога го објави предупредувањето, Трамп присуствуваше на финалето на US Open, седечи покрај својот специјален претставник за Блискиот Исток, Стив Виткоф.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран