Брисел би можел наскоро да добие војска на улиците, поради зголемениот број на инциденти поврзани со нарко-криминалот. Белгискиот министер за безбедност и внатрешни работи, Бернард Квинтин, најави план во кој војници заедно со полицијата ќе патролираат во проблематичните квартови и околу метро станиците.
„Војската мора да го брани територијот. Обично тоа го прави на нашите граници или далеку од нив, но борбата против нарко-криминалот е исто така дел од заштитата на нашата територија“, изјави Квинтин.
Според податоците на обвинителството, оваа година во Брисел веќе се случиле 57 истрели, од кои 20 во текот на летото. Главниот обвинител Жулиен Моинел, кој е под полициска заштита поради закани од шверцери, предупредува дека граѓаните се сериозно загрозени: „Секој може да стане жртва на залутан куршум.“
Министерот за одбрана Тео Франкен потврди дека законскиот рамки веќе се подготвени и дека предлогот ќе биде испратен до Советот на министри. Планот е дел од поширока стратегија за „големите градови“, која предвидува засилен видео-надзор и дополнителни безбедносни мерки и во Антверпен, Гент, Лиеж, Шарлероа и Монс.
Сепак, предлогот на Квинтин наиде на критики од дел од политичарите, кои сметаат дека средствата би можеле да се користат за јакнење на обвинителството, наместо за воведување на војската на улиците. Ситуацијата се случува во контекст на долготрајна политичка блокада, бидејќи Брисел повеќе од една година нема формирано регионална влада по изборите во јуни 2024 година.