УТРО.мк

Жителите на Лагадин бараат итна реакција: Инвеститорот по дивоградбата сега ја „намерил“ и плажата

Жителите на Лагадин бараат итна реакција: Инвеститорот по дивоградбата сега ја „намерил“ и плажата
Vero

Здружението на граѓани за заштита на Лагадин денеска испрати отворено писмо до министерот за транспорт и врски, Александар Николовски, барајќи итен инспекциски надзор поради најавата дека инвеститорот на спорниот хотел во населбата, Никола Толевски, планира да заземе и дел од просторот на плажата.

Жителите потсетуваат дека проблемот со објектот на „Дебој инженеринг“ трае со години, при што хотелот е изграден спротивно на законите за градење во заштитениот крајбрежен појас и без почитување на препораките на УНЕСКО. Тие го цитираат и поранешниот премиер Зоран Заев, кој уште во 2018 година за овој проект изјави дека „за чичко Никола не може да биде ‘Не!’, мора да биде ‘Да!’“.

Според здружението, инвеститорот во меѓувреме нелегално додал уште еден кат, изградил дополнителни простории и тераси, узурпирал дел од улицата кон населбата и зазел две државни парцели. Иако против него се поднесени повеќе кривични пријави за нелегално градење и узурпација на јавен простор, жителите велат дека тој „се однесува како никој ништо не може да му направи“ уште од 2017 година.

„Со најавата за узурпација на плажата, состојбата станува неподнослива и се загрозува еколошкиот амбиент на охридското крајбрежје“, стои во реакцијата. Жителите бараат министерот Николовски и градоначалникот итно да спречат какви било дополнителни интервенции околу дивоизградениот хотел.

Извор: 24инфо.мк

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран